Фабриана Гомез, мејкап артист за MAC Бразил, позната по впечатливиот црвен кармин (M·A·C Ruby Woo) ни открива неколку тајни и правила според кои се водат припадничките на понежниот пол.
Кои мејкап трендови моментално преовладуваат во Бразил?
Впечатлива боја на кармин. Претходно како тренд владееше беж нијансата, па розовата. Но моментално црвениот кармин M·A·C Ruby Woo е незаменлив тренд.
Што секоја девојка во Бразил задолжително понесува во својата чанта?
Мејкапот без кој девојките не излегуваат од дома се состои од пудра, црн молив за очи, маскара и црвен кармин.
Каква е разликата во начинот на шминкање меѓу постарите жени и помладите девојки во Бразил?
Со текот на годините многу нешта се променија. Мојата мајка и баба на себе секогаш имаа црвен кармин, а денешните млади девојки сакаат да ги нагласат очите со црни сенки или пак туш за очи. Разликата е во тоа што постарите жени сеуште посетуваат козметички салони за да бидат нашминкани, а девојките се шминкаат сами поради лесниот начин на кој стигаат до потребна информација за одреден мејкап тренд.
Дали постојат некои тајни за убавината кои се уникатни за Бразил?
До сега светот откри поголем дел од тајните, но сепак најголемата тајна е што редовно посетуваме дерматолог. Постојано пиеме џусеви и конзумираме овошје и зеленчук. Во однос на козметичките третмани, го користиме авокадото како маска за коса, а кожата ја третираме од смеса направена во комбинација со мед и овес.
Кои се вашите секојдневни ритуали?
Депилацијата и маникирот можеби за некои изгледаат како ритуал, но всушност тоа е дел од нашиот секојдневен живот.
Кои се твоите лични ритуали?
Користам седум производи за кожата и задолжително крема со заштитен фактор.
Дали е во тренд нагласувањето на очите или усните?
Бразилските жени дефинитивно не можат без кармин за уста. Во текот на денот ги нагласуваат усните, а навечер очите.
По што се уникатни бразилските жени во однос на убавината?
Покрај тоа што се самоуверени кога е нивниот изглед во прашање, бразилските жени брзо учат и се информираат за сите новитети во однос на козметичките препарати и третмани за убавина. Сакаат да читаат и патуваат, го негуваат природниот изглед и ја одржуваат кожата здрава. Пред дваесеттина години единствено нешто што користеа беше сапунот за миење, а денес имаат толку голем избор на производи кои придонесоа грижата за кожата да биде на многу повисоко ниво.