Имено, етикетата планира да ја прошири својата линија на обувки и тоа на начин кој е обратно пропорционален.

„Имаме намера да ја намалиме цената, а за сметка на тоа да го акцентираме високиот квалитет. Сакаме да ја зацврстиме својата позиција на пазарот со понуда на нова линија обувки за жени, мажи и деца. Новиот концепт ќе вклучува различни модели во различни категории по достапни цени“, вели генералниот директор на брендот.

Во моментов брендот е актуелен со колекциите на патики, сандали и чизми, меѓутоа не можат да го достигнат нивото на Зара. Оваа есен H&M ќе блесне и со лансирањето на колекцијата потпишана од Александар Ванг, така да обожавателите на овој high street бренд имаат на што да се радуваат.

 

Објавено:
26 јуни 2014
Категорија: 
Модни додатоци