Дали правилно ја фенирате косата?

28 јуни 2014

Ниту една жена до сега од салон за убавина не излегла без средена фризура, особено кога станува збор за фенирањето. Зошто е толку тешко дома да ги постигнете истите совршени резултати, барем кога е фенирањето во прашање? Не е дека е невозможно, само треба да ги знаете вистинските трикови. За таа цел денес ви ги откриваме тајните на фенирањето, како да се ослободите од лошите навики и грешките и да постигнете совршено средена коса. Магичните состојки за идеално исфенирана коса ќе ни ги открие познатиот стилист Френк Ризиери.

Кога ќе ја измиете косата не брзајте веднаш да ја исушите. Прво со помош на крпата ослободете се од вишокот влага и потоа нанесете дел од производите кои ги користите за нега на вашата коса и притоа добро распоредете ја содржината од препаратот кој го нанесувате по должината на вашата коса, а не само на едно место.

Треба да бидете внимателни со користењето на препаратите за коса. Немојте да мислите дека ако нанесете цел тон балсам вашата коса ќе биде помека. Не, тоа е апсурдно напротив може да стане помрсна и да изгледа не убаво.

Кога станува збор за изборот на четка дамите имаат навистина тешка задача. Која е вистинската и како да ја препознаете. Доколку имате кадрава коса тогаш запците од четката нека бидат пошироки, а доколку имате нормална коса, одберете стандарден модел на четка. Митот дека не треба да ја чешлате косата додека е влажна не е вистинит. Треба да ја исчешлате косата, бидејќи на тој начин ќе падне и најмалата нечистотија која можеби останала додека сте ја миеле.

Следен совет кој треба да го знаете е дека косата не смеете да ја сушите целата наеднаш. Поделете ја во три секции и сушете ја дел по дел во зависност од густината може да бидат две, па и повеќе вие најдобро знаете. Внимавајте во поделувањето, на деловите со прамени коса да не бидат многу големи, а за сметка на тоа други помали. Важно е секциите да ги комбинирате во делови. Прво исушете го едниот дел и вториот кој е сè уште влажен спојте го со другиот и сушете ги двата истовремено така се постигнува поприроден изглед на косата.

Грешка која што многу дами често ја прават е нанесување на десет производи од еднаш за нега на коса. Нема потреба, одберете еден и ставајте по малку пред секое фенирање и тоа е сосема доволно за да ја заштитите косата од кршливост и сушење.

Доколку производот за коса има прскалка тогаш полека и рамномерно со големо внимание испрскајте ја косата почнувајќи од врвот па кон врвовите.

Кога почнувате со фенирање поделете ја косата во неколку секции на прамени и земајте еден по еден да го фенирате почнувајќи првенствено од врвовите и нежно тегнете кон врвовите. Постапката повторете ја неколку пати додека не сте сигурни дека сте го постигнале посакуваниот ефект.

Немојте да ги користите додатоците кои се ставаат на фенот. Тие имаат различни форми, но и многу нефлексибилна структура и дизајн бидејќи имаат задача да го насочуваат воздухот само во една насока, а тоа вас не ви одговара, бидејќи праменот коса ќе биде исушен само во поедини делови, но не и длабински.

Ова се само неколку кратки и слатки освети со кои ќе постигнете прекрасен изглед.

 

 

Објавено:
28 јуни 2014
Категорија: 
Убавина