Баленсијага одлучи да го тужи поранешниот креативен директор заради наводно кршење на ставка од договорот, односно за давање на интервју за лондонскиот магазин System. За потсетување Николас Гескер ја прекина соработката со Баленсијага во 2012 година откако беше дел од модната куќа цели 15 години, а заминувањето од фирмата го компензираше за сума од 8, 8 милиони долари. Сепак поранешниот работодавач реши да го тужи дизајнерот за кршење на договорот, а целиот случај ќе започне наредната недела во Судот за прекршоци во Париз.
Причината за тужбата е тоа што Никола дал негативни критики на сметка на поранешната модна куќа и тоа само две недели по напуштање на истата. Во интервјуто во неколку наврати дизајнерот го критикувал работењето во Баленсијага и дека тоа за него претставувало голема фрустрација, особено поради корпоративниот начин на работа, кој нема никаква поврзаност со модата.
Без разлика на слободата на говор, според францускиот закон модната куќа има право да бара оштета доколку и е нарушен угледот. Тоа што е нејасно е зошто од Баленсијага чекаа до сега за да го тужат Гескер или пак реалната причина е што тешко може да го прифатат заминувањето на дизајнерот од модната куќа.