Загриженост во Барбери за паричните награди на Кристофер Бејли

8 јули 2014

Советодавниот одбор составен од три влијателни претставници искажа загриженост за постојаните парични награди кои ги добива Бејли, а кои барем во поголемиот дел, не му се доделени за заслуги во работата.

Инаку, Бејли од следната година ќе почне да добива акции во вредност од над 26 милиони фунти, како дел од претходниот договор, додека новиот договор вклучува и основна плата од 1,1 милион фунти и годишен надомест од 440.000 фунти. Неговата претходничка, Ангела Арентс, добиваше речиси ист надомест како Бејли, на позиција на извршен директор. Сандеј Тајмс пренесува дека ниту еден друг директор од стоте најуспешни компании на берзата не зема толкав надомест.

Здружението за управување со инвестициите бара од членовите на Барбери внимателно да го разгледаат договорот на Бејли пред состанокот на акционери кој треба да се одржи во петок. Барбери се недостапни за коментар во врска со оваа тема.

Објавено:
8 јули 2014
Категорија: 
Актуел