Ринго Стар го прославува својот роденден со огромна модна соработка! Култната музичка легенда наполни 74 години во понеделникот, а по тој повод и официјално беше именуван како заштитно лице на кампањата на Џон Варватос за есен 2014 година.
Настанот на кој Ринго и официјално ќе биде прогласен за заштитно лице на есенската колекција на Варватос, ќе има и хуманитарен карактер со цел да се соберат средства за неговата фондација Ringo Starr Peace & Love Fund.
Покрај оваа иницијатива, до крајот на 2014 – тата година ќе се одвива и кампања преку која за секоја споделена фотографија со хаштагот #PeaceRocks на социјалните мрежи на која се гледа како го правите знакот на мирот, брендот ќе донира по еден долар за фондацијата.
На неколку од локациите каде што се наоѓаат продавниците на брендот на Варватос ќе бидат инсталирани и „Продавници на мирот“ каде ќе се продаваат маичките од брендот под наслов Peace Rocks чиј целосен приход од продажбата ќе оди во фондацијата на Стар.
Уште пред да стане познат музичар, Стар велеше дека се смета себеси за многу стилска личност.
„И пред Битлсите, јас знаев добро да се облечам. Можам да кажам дека отсекогаш имав некој посебен однос со облеката“, вели Стар.
Ринго Стар не е единствената музичка легенда што е дел од кампањите на одличниот Џон Варватос. За пролетната кампања за 2014 година, Џон ги најми единствените Кис. Целата кампања и фотосесијата за истата беше инспирирана од нивниот албум Dressed to Kill.
Покрај Кис и Стар, меѓу другите познати личности кои биле дел од кампањите на Варватос се и Грин Деј, Иги Поп, Алис Купер, Рутс, Чип Трик и други.
Во продолжение, погледнете го одличното видео снимено за есенската кампања во кое покрај Ринго Стар, се појавуваат и Стивен Тајлер, Џими Кимел, Џон Варватос, Стивен Тајлер, Чад Смит и други.