Желба на секоја дама е да изгледа елегантно, софистицирано и женствено, а модната куќа Елена Лука секогаш е во функција да ги задоволува модните апетити на сите жени и девојки. Затоа, за денес креативниот тим одлучи да ви презентира гламурозен модел на тоалета која со својот естетски израз, луксузен дизајн и убавина сигурно ќе ве освои од прва.

Станува збор за црна тоалета, изработена од сјаен високо квалитетен сатен во комбинација на интересна мулаж техника. За да се разбие монотонијата на композицијата во корсетирната основа на фустанот вметната е рачна изработка на везени крупни стаклени украсни камчиња во сребрена, златна и бела боја. Впечатливоста на фустанот е нагласена и со асиметричниот крој, односно прерамка има само од едната страна која брановидно се спојува со дизајнот  во мулаж техника.

 

Објавено:
15 јули 2014
Категорија: 
Без категорија