Започнете ја новата работна недела со стил и елеганција. Модната куќа Елена Лука го има вистинскиот предлог стајлинг за овој понеделнички ден.

Станува збор за коктел фустан, изработен од високо квалитетен сјаен сатен во пастелно розова боја. Впечатливата мулаж техника во предниот дел на фустанот  романтично се бранува низ целата негова должина, а рачната апликација на стаклени светкави камчиња во златно-кафена боја и' дава динамика на композицијата.

Структурата на кројот ја нагласува половината и целосно ја истакнува вашата совршена силуета, а финиот материјал и едноставниот дизајн ќе направат да се чувствувате пријатно и удобно додека ја носите креацијата.

Бидете секогаш модерни, поинакви и во тренд, носете креации со потписот на Елена Лука.

 

Објавено:
21 јули 2014
Категорија: 
Без категорија