Шест совршени венчаници од Вера Ванг за романтичарки

16 јули 2014

 

Вера Ванг важи за дизајнерка која сака да ги прекршува општествено поставените норми и правила, а тоа најдобро знае да го направи преку создавање на венчаници со екстравагантен предзнак. Нејзини најголеми фанови се девојките кои  и' противречат на традицијата при изборот на венчален фустан, а тука ќе ги потенцираме и моделите во црвена, розова или пак беж боја кои направија вистинска револуција и го променија дискурсот во изборот на исклучително бели венчаници.

Сепак Вера Ванг не ги заборави класичарките и за нив специјално лансираше шест модели на венчаници кои може да се купат онлајн, на страната на модниот бренд David's Bridal. Колекцијата „White“ е составена од шест невестински фустани во бела, бледо беж и нежно розова нијанса. Цените во зависност од моделот се движат од 928 и 1598 долари.

v

Објавено:
16 јули 2014
Категорија: 
Бела соба