Кристијан Диор потпиша партнерство со фондацијата Грејс

30 јули 2014

Францускиот луксузен бренд кој беше еден од омилените на принцезата Грејс ќе биде еден од главните спонзори на гала вечерите кои фондацијата ќе ги организира во Лос Анџелес, Монако и Њујорк во наредните две години. Со овој договор ќе се испромовира фондацијата која беше основана во чест на принцезата Грејс Кели од нејзиниот сопруг принцот Рене по нејзината смрт, а воедно таа нуди стипендии и помош за стажирање на таленти од областа на уметноста.

Соработката на модниот бренд со кралското семејство не е новитет, а познато е дека дамите се секогаш дотерани во брендирани парчиња. Како знак на пријателство, принцот Алберт и принцезата  Шарлин беа дел од гостите на модното шоу на Кристијан Диор за пролетно – летната колекција за 2014 година во мај.

Објавено:
30 јули 2014
Категорија: 
Актуел