Колекција шминки инспирирана од култен филм
•
4 септември 2014
Лимитираните колекции на MAC претставуваат вистинско изненадување и секоја наредна е подобра од претходната. По низата соработки и колекцијата инспирирани од Симпсонови, козметичкиот бренд реши водечки мотив во новата колекција да биде култниот филм „Rocky Horror Picture Show“.
Во колекцијата преовладуваат црвената и виолетова нијанса како кармини за усни, лакови за нокти, сјајни пигменти, палета сенки, туш, молив за очи, маскара, руменило и вештачки трепки. Колекцијата ќе би достапна од 2-ри ноември и е одличен избор за есенската сезона.