Новите патики на Конверс колорно ќе ги брануваат урбаните улици
•
30 септември 2014
Први октомври е датумот кој голем број вљубеници и фанови на Конверс го имаат заокружено во своите календари и тоа пред се' поради лансирањето на „Color Weave“, новата колекција на брендот која нуди високи и ниски модели на патики во комбинација со јаки бои кои доловуваат ефект на рачно плетена мрежа.
За жал, овие модели се наменети само за азискиот пазар и ќе може да се набават единствено во Јужна Кореја, Тајван и Хонгконг и на онлајн страната на Конверст, исто така наменета само за азискиот пазар.