Свадбена декорација што ја нема ниту на филм

3 октомври 2014

Сигурно погодувате дека само шеик може да си дозволи да направи венчавка од бајките која буквално не сме ја виделе ниту на филм. Станува збор за екстра необичната и луцидна венчална замисла од свадбата на принцезата  Латифа Ал Мактоум, ќерка на шеикот Мухамед, заменик Претседател на Обединетите Арапски Емирати.

Фотографиите и видето како се создава беспрекорната декорација и воопшто комплетната замислата, е објавена неодамна откако Латифа се омажи на почетокот од годината во палата чиј дизајн самата го осмислила.

Таа е дизајнерка на ентериери , а темата  заедно со „Designlab Events“ ја нарече „Луциден сон“.

 

Од декорацијата се вклучени 15 илјади светла, 65 илјади Сваровски кристали кои создаваат облаци формирани од тенка светкава мрежа. Сигурно фотографиите се оние што ви привлекуваат најмногу внимание, затоа уживате во магијата и од тоа како се создаваше овој необичен луциден свадбен сон.

Објавено:
3 октомври 2014
Категорија: 
Бела соба