Висока мода: Диор есен 2013

2 јули 2013

Креативниот директор на Диор, Раф Симонс, се инспирираше од жените од различните континетни и култури, што би ги носеле неговите креации. Диор вчера ја презентираше колекцијата за есен 2013 година,

Така, во своите креации внесе и спортска нота за клиентите од Америка, од Азијците како инспирација ги презеде високо квалитетните материјали, Африка може да се забележи преку разиграноста со боите. А, Европа ја претстави преку La Parisienne. Couture не ја содржи во себе комерцијалната нишка, но она што Симонс го направи е тоа што секој добар дизајнер треба, мислеше прво на неговите купувачи.

-Мојата глава цел беше да ја вратам смислата на реалноста кон високата мода. Оваа колекција фокусот го става врз жената – жената сама по себе, вклучувајќи ја нејзината култура и личност. Не се работи само за облека што ќе се носи, туку за тоа како жената ќе ги носи. Слободата во изборот го искажува тоа каква е всушност жената – изјави тој за странските медиуми.

Во продолжение погледнете ја жената низ призма на Раф Симонс и Диор.

Објавено:
2 јули 2013
Категорија: 
Колекции