Зимска детска колекција на Зара што ќе ви ги стопли срцата!

21 октомври 2014

Покрај возрасните, во фантастичните колекции на Зара се вљубени и оние најмалите и најмилите за кои знаеме дека вие особено се грижите.

Токму една таква, одлична колекција за најмалите е последното дело од брендот што израдува многу мајки на светот.

Нивната претходна приказна Brothers & Sisters конечно го доби своето шармантно продолжение во кое брендот одлучи да претстави некои од најслатките парчиња од актуелната колекција за есенските и зимски студени денови што се на прагот.

Познати по создавањето на тренди и урбани парчиња, дизајнерите на Зара и за нивните најмлади обожаватели создадоа нешто навистина уникатно, нешто во што тие ќе се чувствуваат најудобно.

Дел од колекцијата се романтични фустанчиња за малите дами, додека за стилските момчиња тие предлагаат одлични тренди комбинации што се спој на удобни памучни џемперчиња и фармерки.

Прекрасната приказна Brothers & Sisters со потпис на Зара можете да ја погледнете во продолжение!

Објавено:
21 октомври 2014
Категорија: 
Колекции