Кралицата на венчалните фустани има нов моден диктат

27 октомври 2014

Дизајнерката Вера Ванг од претходната колекција венчаници за 2014 година постави правила во избор на бојата од венчаниците, која се базираше само на розовата. Но, Ванг за претстојната 2015-та дизајнерската идеја повторно ја насочи кон фустаните во традиционалната бела и нијанси на сива.

 

Иако во класични тонови, нејзините венчаници и понатаму се единствена уникатна модна бајка каква нема да сретнете никаде на друго место.

Новите модели венчаници ги поврзува романтиката изнесена преку тантелата, цветните апликации, украсните кристали и транспарентните детали. Сексапилот и неоптеретеноста се повторно присутни, како и минималната природна шминка и едноставните фризури.

 

 

Објавено:
27 октомври 2014
Категорија: 
Бела соба