Среќен 60 –ти роденден Марио Тестино!

30 октомври 2014

Наоми Кемпбел, Марио Тестино и Кејт Мос Наоми Кемпбел, Марио Тестино и Кејт Мос

Миленикот на голем број ѕвезди не само во Холивуд, туку и во светот, кралот на фотографскиот кадар,  во средата во The Chiltern Firehouse во Лондон во присуство на голем број пријатели, познаници, меѓу кои и светски познати ѕвезди го прослави својот јубилеен 60-ти роденден.

Наоми Кемпбел, Марио Тестино и Кејт Мос Наоми Кемпбел, Марио Тестино и Кејт Мос

Тој со помош на својот фотообјектив раскажа многу модни приказни,  долови безброј фацијални експресии, беше домаќин на неколку изложби и заокружи неколку важни поглавја на трасформации во светот на модата во последните триесет години.

Кејт Мос Кејт Мос

На својата забава, славеникот пристигна во придружба на двата топ модели Кејт Мос и Наоми Кемпбел. Моделот на 90 – тите Кејт Мос не разочара со својот изглед. Таа се појави во транспарентен макси фламенко фустан во јака црвена боја. Под транспарентниот дел на макси фустанот во шпански стил имаше вметнато боди со животински принт и впечатливо длабоко деколте во V – израз. Русокосата Мос, егзотичниот изглед го заокружи со светло црвен кармин на усните, впечатлива светкава шминка на очите, едноставен сребрен накит, мала клач-чанта и кадрава фризура.

Стела Мекартни Стела Мекартни

Креацијата на Кејт Мос е дело на британската модна дизајнерка Стела Мекартни, која исто така дојде на забавата, облечена во класична комбинација на црни панталони со макси ногавици, црна едноставна маичка, предимензиониран капут и впечатлив светкав турбан на главата во стилот на Џеки Кенеди.

Наоми Кемпбел и Кејт Мос Наоми Кемпбел и Кејт Мос

Наоми Кемпбел, не изостануваше во однос на гламурозноста. Таа на забавата се појави облечена во светкава тоалета во кабаре стил. Длабокиот V – израз на фустанот со сребреникав сјај беше нагласен со масивен блескав ѓердан, а впечатливите рози во црвена нијанса кои и беа вметнати во косата,  дополнително ја зголемија дозата на онака забележителниот изглед. Моделот наликуваше на вистинска диско дива и заедно со Мос беа можеби и највеселите гостинки на забавата.

Наоми Кемпбел, Марио Тестино и Кејт Мос Наоми Кемпбел, Марио Тестино и Кејт Мос

Фотографот Тестино, на својата забава одлучи да носи црн – бел смокинг и уживаше во друштвото на пријателите и гостите кои не можеа да ја скријат возбудата од одличната дружба, амбиент, мени и музика.

Кира Најтли Кира Најтли

Кира Најтли, Стела Мекартни, Попи Делевињ, Сиена Милер, Лара Стоун и нејзиниот сопруг Дејвид Валиамс и многу други дојдоа да го испочитуваат Тестино и заедно со него да ги дувнат 60 – те свеќи на неговата торта кои не значат само успешно остварена цел, туку и нов предизвик во освојување на нови модни врвови.

Ева Херцигова Ева Херцигова

Во продолжение погледнете ја галеријата со ѕвездени гости и видете као фотографот го прослави својот јубилеен роденден.

 

Објавено:
30 октомври 2014
Категорија: 
Сцена