Диана фон Фурстенберг отвори бутик за модни додатоци

3 јули 2013

Една од можеби најомилените дизајнерки Диана фон Фурстенберг, ја отвора својата прва продавница специјализирана за продажба на модни додатоци. Бутикот кој е отворен во Њујорк, е катче во кое ќе се  делат совети, нудејќи комплетна идеја за целосен стајлинг.

 

 

Вкусот на обожавателите на овој бренд е веќе задоволен, од аспект на тоа дека во новата продавница тие ќе можат да најдат убави модели на чевли, луксузни часовници, очила за сонце, уникатните модели на чанти дури Hi-Tech материјали, како футрола за IPAD и I-Phone.

 

 

„Модните додатоци се исклучително важни и затоа решив првата отворена продавница да им ја посветам само на нив. Тие се идеалниот начин кој ќе направи да се издвоите од толпата, ситници кои го креираат вшиот стил, вашето секојдневие, ВАС!“, објаснува Диана.

 

 

Оваа 66 годишна модна дизајнерка главно профитира од колекциите на чанти. Таа пред медиумите заклучи дека најважно за една чанта е таа да биде функционална, да има доволно простор и во истовремено да не е премногу голема, и да ја задржи естетската функција.

 

 

Секогаш во чекор со времето , Диана Фон Фурстенберг, најави дека креира нов модел на чанта кој на жените ќе им овозможува да користат  IPAD без да го вадат од чантата.

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
3 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци