Девојки, подгответе се: Зухаир Мурад венчаници за есен 2015!

5 ноември 2014

Еден од најталентираните дизајнери во светот и веруваме, вашиот омилен, Зухаир Мурад, конечно ги објави официјалните фотографии за неговата колекција венчаници за есен 2015 – та.

Како што и очекувавме, неговите венчаници се совршени, направени од висококвалитетен тул, многу тантела, мониста и секогаш неверојатните рачно поставени детали.

Во секоја една венчаница, либанскиот дизајнер на посебен и шармантен начин вметнува доза сексапил кој што дефинитивно и е потребен на секоја невеста.

Мурад тоа го прави сосема незабележително, без ниту минимална доза на вулгарност. Што се однесува до палетата на бои, дизајнерот користи чисто бела кај некои од венчаниците, но создава и вистинска уметност од тантела во крем боја кај оние пософистицираните.

Фотосесијата во која официјално се сместените сите парчиња од есенската колекција на Зухаир Мурад е направена од младиот и талентиран фотограф Раби Јоунс, кој овој пат се одлучи за сосема едноставна и речиси незабележителна атмосфера, со единствен фокус на креациите.

Сите стајлинзи на прекрасната манекенка се надополнети со многу нежна шминка и фризура и слатки и шармантни цветни венчиња во бела боја.

Доколку пред вас е големиот ден, а сѐ уште не сте се одлучиле за вистинската венчаница, тогаш наполнете си ја шолјата кафе и инспирирајте се од големиот Зухаир Мурад!

Објавено:
5 ноември 2014
Категорија: 
Бела соба