Ja препознавате личноста на фотографијата?

13 ноември 2014

Тејлор Свифт е муза на голем број дизајнери, поп принцеза и девојка која во сите едиторијали до сега, била препознатлива по широката, убава насмевка и впечатливиот црвен кармин.

Но овој пат направи исклучок за сликањето за насловна страна на магазинот Wonderland, за месеците ноември/декември. На фотографијата пејачката е со потемна нијанса на косата, со минимална шминка на себе и акцент ставен на руменилото, во бронзена нијанса. Според многумина, Свифт изгледа апсолутно непрепознатливо, а за да се уверите во тоа, погледнете ја фотографијата од насловната.

Преземено од Whowhatwear.com
Објавено:
13 ноември 2014
Категорија: 
Сцена