Култниот музеј во Лондон важи за најголемиот музеј на современа уметност и дизајн во светот. За наредната година челните лица на Викторија и Алберт ја најавија изложбата Shoes: Pleasure and Pain, која го привлече вниманието на медиумите и јавноста. На изложбата ќе бидат претставени над 200 пара чевли, со што всушност ќе се претстави времеплов, токму преку најголемата страст на секоја дама.

Хелен Персон, која е кураторка за изложбата, истакнала дека чевлите најмногу кажуваат за изгледот, но и карактерот на една личност –  „Тие се моќен индикатор за статусот, идентитетот, вкусот и сексуалната склоност за индивидуата која ги носи“.

На изложбата ќе бидат претставени модели кои ги носеле Мерилин Монро, Дафне Гинес, Сара Џесика Паркер и голем број други селебрити. Моделите на чевли варираат од ексцентрични, па се до гламурозни, односно од 16 век, па се до денес. Изложбата официјално ќе биде отворена на 13-ти јуни 2015 година и ќе трае се до 31 јануари 2016 година.

Преземено од Cromoda

Објавено:
5 декември 2014
Категорија: 
Модни додатоци