Голема изложба на обувки во Културниот Центар „Град“ во Белград

11 септември 2013

Сигурно сите се сеќавате на песната од Ненси Синатра „These boots are made for walking“. Па организаторите на втората по ред изложба на обувки која се одржа синоќа во Културниот Центар „ Град“ под покровителство на амбасадите на Холандија и Србија, инспирирани од насловот и песната на Ненси, изложбата ја насловија „These shoes are made for walking“.

 

 

На изложбата беа претставени дизајни на домашни автори: Secondhand Шмизла, Павле Нечаков, Будислава Кековиќ, Наша Посла, Миленка Shoes, Лидија Јовановиќ, Наташа Чакиќ-Симиќ, Милица Маринковиќ, Магдалена Клашња, LILU, Драгана Вујиќ, Обуча RISH, Миле Галиќ, Јована Јовановиќ и специјалниот гостин од Холандија, голем уметник и мајстор кога станува збор за дизајнирање чевли Јан Јенсен.

 

 

Овој дизајнер веќе 50 години, ја воодушевува модната сцена со својот богат опус на барокни дела и интересниот начин на спојување различни дизајни и материјали, докажан во својата работа, за што сведочат и големиот број на престижни и светски награди кои ги има добиено. Освен тоа што учествува во изложбата, овој еминентен автор ќе одржи предавање за својот начин на работа во вторник во 18.00 часот.

 

 

Исто така, Лиса Гудсмит, авторка на книгата „Чевлите на Јан Јенсен“, долгогодишен новинар и моден историчар која со години наназад се фасцинира од модните склопови на облека и накит, ќе има можност да ги претстави своите креации и начин на работа.

 

 

Отворањето на изложбата беше со солидна посетеност од обожавателите и почитувачите на модата и дизајнот. Присутни беа и дел од фелата на јавни и познати личности како и голем дел претставници од медиумите. Доколку сте љубител на уникатни и необични парчиња чевли, изложбата можете да ја посетите се до 16 септември во Големата Галерија на Културниот Центар „Град“ во Белград. А во продолжение погледнете ја галеријата:

 

 

 

Објавено:
11 септември 2013
Категорија: 
Модни додатоци