Една од најпознатите стилистки во светот, Рејчел Зое на својата службена страна ги објави најпосакуваните ранци за 2015 година. Моделите се дело на италијанската дизајнерка Паула Кадематори, која за наредната година најавува интересна колекција, во која акцент е ставен на колор блок комбинациите.

Иако е рано од сега да ги планирате пролетните стајлинзи, сепак нека ви бидат инспирација за студената зима која е пред нас. Ранците се со изразени силни, но и пастелни нијанси, а колор блок комбинациите се апсолутен хит кај голем број ѕвезди, меѓу кои се Мирослава Дума, Ана Дело Русо и Натали Џош. Разгледајте ги фотографиите и одберете го вашиот омилен модел на ранец за следната пролет.

Објавено:
17 декември 2014
Категорија: 
Модни додатоци