Армија модели во новата кампања на Џејкобс

17 декември 2014

Откако ја импресионираше публиката со колекцијата пролет-лето на Њујоршката модна недела, Марк Џејкобс со една фотографија ја најави и официјалната рекламна кампања. Варијациите на тема војнички униформи речиси никого не оставија рамнодушен, а наскоро на страниците на Glossy магазинот ќе се појави и конечната верзија од најавениот едиторијал.

Истиот е специфичен пред се поради тоа што во него се вклучени армија од манекенки. И тоа не било кои туку: Ања Рубик, Карли Клос, Адриана Лима, Џоан Смолс, Наташа Поли, Кендал Џенер, Ана Иверс и Џесика Стам. „Воениот напад“ е реализиран од Дејвид Симс.

 

Објавено:
17 декември 2014
Категорија: 
Актуел