Купер и Лоренс во љубовната филмска авантура - Серена

25 декември 2014

Празничната еуфорија околу новогодишните празници е одлична можност за да си направите семејни собири, дружба со пријателите или интимен состанок со љубениот. Поради ниските температури и долгите ноќи, наместо да одите некаде надвор и да се смрзнувате, ние имаме одличен предлог за тоа како да се забавувате пред, но и после празниците. Се што ви треба е пуканки, удобен кревет и нормално интересен филм во чија приказна ќе уживате.

Најдобрите актерски имиња на денешницата, Џенифер Лоренс и Бредли Купер, во своето најново филмско остварување докажуваат дека љубовта колку и да е голема понекогаш не е доволна за среќа.

Филмот „Серена“ е снимен според истоимениот бестселер на Рон Раш, чија работилница е сместена на планината Северна Каролина кон крајот ма 1920 – тите години на минатиот век. Приказната за заљубениот млад пар кој почнува да гради шумско царство ја раскажуваат Џорџ, чија улога ја толкува Бредли Купер и Серена Пемпертов која ја игра оскаровката Џенифер Лоренс.

Серена во филмот покажува дека може да се носи машки со работите и станува дел од групата работници кои работат на изградба на шумското царство, спасува животи, лови змии... Пембертонови не дозволуваат ништо да им застане на патот на нивната голема љубов и амбиции, но во моментот кога Серена ќе го открие тајното минато на Џорџ и неговата судбина, нивниот брак почнува да се распаѓа и филмот завршува со драматичен крај. Режисер на филмот е добитничката на Оскар, Сузан Биер, а официјалната премиера се одржа на 24 октомври.

Ова не е прв пат Бредли и Лоренс да бидат партнери на филмското платно. Имено, нивните енергии одлично се поклопија и на снимањето на „Silver linings playbook“ и „American Hustler.

Објавено:
25 декември 2014
Категорија: 
Култура