Costume National и Марина Абрамовиќ чекорат во ист ритам

25 декември 2014

Италијанската модна куќа Costume National ќе соработува со извонредната уметничка Марина Абрамовиќ, на годинешната „Art of Elysium“ гала која ќе се одржи на десетти јануари 2015 во Лос Анџелес. Организацијата вклучува голем број креативни луѓе кои работат на уметнички проекти во детските болници. Абрамовиќ, долги години работи со нејзиниот пријател Енио Капаса, кој е креативен директор на  Costume National и заедно со Марина на гала вечерта ќе го споделат своето искуство во областа на уметноста. Темата на која ќе творат креативците е „Heaven“.

„Со нетрпение го чекав вистинскиот момент кога ќе почнеме заедно да работиме со Енио. Направивме различни нешта, но некако успеавме да се поврземе со луѓето на ист начин, што е неверојатно и резултира со успех“, вели Абрамовиќ.

Во склоп со гала вечерта, Капаса ќе ги престави своите дизајни во поглед на зададената тема на проектот, но ќе има и краток преглед од пред - есенската колекција за 2015 на Costume National.

„Соработката со Марина беше прекрасна!Таа е магична жена, мој голем пријател и единствен уметник со префинет вкус за реализација на проекти од ваков карактер. Идејата да се спојат нашите креативни енергии е резултат на заедничкото чувство и почит кон овој вид на естетика и затоа сум вистински трогнат од резултатите, но сум и во големо исчекување да ги чујам мислењата на гостите кои ќе бидат присутни“, кажа Капаса во официјалното соопштение до медиумите.

Објавено:
25 декември 2014
Категорија: 
Актуел