Оваа недела најдобриот стајлинг со број 81 го избравме во селекција од личностите кои се во нашето непосредно опкружување. Конкретниот стајлинг што го издвојуваме, на себе го имаше новинарката Александра Маневска на промоцијата за книгата „Облечен човек“ на Игор Џамбазов. Дека малиот црн фустан може да изгледа истовремено убрано, шик-младешки, и елегантно, пример е токму нејзината комбинација.
Конкретниот изглед каде во главниот фокус е црниот коктел фустан со асиметрично отворен грб, може да послужи како насока дека не е правило секогаш да се носи со високи потпетици. Тоа што Александра го споила со темни грилонки масивен ѓердан во црвена нијанса и актуелните мото -чизми, е вистински полн погодок. Покрај сопствениот избор на аксесоарите, целосниот изглед е дело на професионалниот тим на модната куќа Елена Лука, од каде се погрижија и за нејзината фризура и шминка со холивудски шмек.