Мирослава Дума стана мајка по вторпат

26 декември 2014

Една од најдобро облечените жени во светот, и основачка на реномираното руско издание на магазинот Буро 24/7, Мирослава Дума, стана мајка по вторпат. Вчера таа на свет донесе девојче, а со тоа таа и нејзиниот сопруг Алексиј го добија најубавиот празничен подарок.

За време на нејзината бременост, влијателната уредничка во ниеден случај не направи драстични промени во однос на препознатливиот стилски печат.

Големиот стомак не ја спречи дури и да носи високи потпетици и припиени фустани, но комбинирани на најуспешниот начин.  Инаку, за првпат Мирослава Дума стана мајка во 2010 година на синот Џорџ.

Објавено:
26 декември 2014
Категорија: 
Актуел