Ралф Лорен и Луј Витон и' пркосат на зимата

29 декември 2014

Покрај тоа што  за креирање на стилски и модерни изгледи се инспирираме од актуелните пред – есенски и зимски колекции, сепак модната машина , патува далеку во времето и просторот. Па така, во овие снежни денови дизајнерите веќе почнаа да ги промовираат рекламните кампањи за пролетните колекции.

Пријатно е да се „стоплиме“ со летнaта идила кога надвор е  бело, студено и снежно. Ралф Лорен во својата рекламна кампања за пролет – лето 2015, одлучи да ги спои ориентот, песочните плажи и морето. Заедно со егзотичните животни карактеристични за пустинските предели, камилите, позира новата манекенска надеж Сани Влое.

Ралф Лорен Ралф Лорен

Фотографската приказна е дело на Брус Вебер кој има за цел да прикаже нова модерна верзија на добро познатата бајка за Снежана и седумте џуџиња. Во кампањата Сани Влое е во улогата на Снежана, а џуџињата се заменети со камили. Прекрасната русокоса манекенка изгледа како Дизни принцеза од пустината. Ова е само еден фотографски кадар, а сигурно со нетрпение ќе ги очекуваме и наредните.

Луј Витон Луј Витон

Пред неколку дена тизер фотографија објави и Николас Гескиер, креативниот директор на модната куќа Луј Витон. Водечката улога во пролетната кампања ја има Фреја Беха Ериксен.

Луј Витон Луј Витон

Во текот на своето владеење како креативен директор на оваа етаблирана модна куќа, Гескиер за рекламните кампањи и едиторијали има соработувано само со тројца  фотографи – Ени Лејбовиц, Брус Вебер и Јирген Телер и четири модели – актерката Шарлот Геинсбург, Лија Кебеде, Џин Кембел и Фреја Беха Ериксен.

Луј Витон Луј Витон

Сепак, модната куќа сè уште нема објавено дали Ериксен ќе биде заштитно лице на сите кампањи за претстојната сезона пролет – лето 2015 година. Фотографските кадри се дело на единствената Ени Лејбовиц.

Објавено:
29 декември 2014
Категорија: 
Актуел