Наташа Поли е урбана амазонка за Изабел Марант

14 јануари 2015

Со намера да ја промовира новата ready-to-wear колекција во динамично светло, француската дизајнерка лансираше кампања, за која водечка инспирација е  желбата да ги прикаже модерните и урбани девојки и да ја истакне нивната моќна страна. Приликата да биде заштитно лице на новата кампања ја има  Наташа Поли, која позира  во волуменозни јакни, мини здолништа, кожени римјанки, а на себе има нагласена шминка во земјени тонови.

„Таа е воин, авантуристка, но истовремено  и многу забавна, со цел да се избегне сериозноста на целиот проект“ – истакнува Изабел Марант. Кампањата е дело на фотографската двојка Инес ван Ламсверд и Винод Матадин.

Објавено:
14 јануари 2015
Категорија: 
Колекции