Модниот бренд „Color“ не почести со одличен лукбук за сезоната есен/зима 2014 во која покрај прекрасните парчиња облека и моделите, има и неодоливи кученца.
По примерот на Ермес и нивната одлична фотосесија со коњи, и оној на Мулбери во чиј лукбук имаше дури и слатки бувчиња, сега на ред дојдоа овие слатки и шармантни најдобри пријатели на човекот.
Но, овие не се сосема обични кучиња и истите веќе имаат и искуство со позирање во реклами. Токму истите, беа најмени за да бидат дел и од кампањата на Трусарди, Армани Јуниор како и два пати за Мулбери.
Како што гласи и името на самиот бренд, во нивната колекција можеме да видиме многу одлични парчиња што изобилуваат со боја, зимски здолништа, фустани, јакни, капи, модни додатоци меѓу кои и одлични колоритни чанти и чевли.
Во продолжение, разубавете си го денот со овие преслатки кученца и дефинитивно со одличната колекција на најколоритниот бренд во светот!