Магична кампања на Малбери со Кресида Бонас во главната улога

8 април 2015

Иако на пошироката јавност таа ѝ е позната како поранешната девојка на принцот Хари, прекрасната Кресида Бонас е една од омилените ИТ девојки на денешницата и девојка со исклучителен вкус.

Дека е омилена на многу од светските дизајнери докажа и нејзиниот ангажман за заштитно лице на новата кампања на брендот Малбери во која таа повторно ја покажа нејзината огромна љубов кон танцот.

Нивната соработка воопшто не е изненадување, со оглед на тоа што неодамна таа ги покажа нејзините танцувачки способности во дигиталниот проект на модната куќа во кој учествуваа различни таленти од светот на модата, филмот, театарот, уметноста, дизајнот и технологијата.

Токму оваа кампања во која Кресида танцува во мистична куќа во неколку бои од еден прекрасен бохо фустан, е продолжение на нивниот проект.

Овојпат, таа играше пред објективот на одличниот Роберт Ферер во една прекрасна стара куќа во центарот на Лондон за кампањата за сезоната пролет/лето 2015.

Погледнете го видеото и фотографиите.

Објавено:
8 април 2015
Категорија: 
Фото галерија