Изминатата недела на Милано му се случи традиционалната недела на дизајнот што ја посетија околу 300 илјади посетители кои на различни локации за истиот повод се собраа на тематски забави, коктели и дружби со изложувачите. Дежурните фотографи односно ловците на изгледи, минатата седмица фотографираа интересни стајлинзи на дел од посетителите, кај кои пред се преовладува урбаноста. Генерално посетителите на неделата на дизајнот во Милано, како мажите така и припадничките на понежниот пол се одлучиле за кежуал рокерски комбинации, најмногу сочинети од искинат џинс, кожени јакни, миди и макси здолништа, широки блузи, кратки панталони и топови, додека машките изгледи варираат од спортско рокерски до класични. Горенаведеното сликовито го гледате во продолжение.