Улична мода од летните фестивали во Њујорк

9 јуни 2015

Њујоршкиот музички фестивал „Governors Ball“ кој важи за пандан на „Коачела“ на источниот брег, изминативе два дена беше збирното место за музичките фанатици и хедонисти, кои на едно место имаа можност да ги видат и слушнат Florence and the Machine, Drake, The Black Keys и уште многу други актуелни музички имиња.

Овде креативноста во дефинирањето на фестивалските стајлинзи кулминира, без никакви ограничувања. Па така, во плеадата инвентивни изгледи, забележуваме од наједноставни и кежуал што вклучуваат кратки шорцеви и маичка со интересен натпис до тотално „откачени“ комбинации, како оние во кои се комбинира транспрентна кошула-фустан со високи шлицови  со мото-чизми и такви со предимензионирана облека украсена со многу накит.

Ваквите фестивали на отворено се ретка можност кога и на најексцентричните идеи за вашиот изглед, никој нема да им најде замерка, а од друга страна пак може да бидете инспиративни за другите, па зошто да не сте иницијатор и на некој иден тренд?

 

Објавено:
9 јуни 2015
Категорија: 
Фото галерија