Палома Фејт Блумфилд е родена на 21 јули 1981 – та година во Лондон, Велика Британија. Очигледно, хороскопскиот знак „рак“ дефинитивно ги оправдал своите карактеристики, барем кога станува збор за оваа неверојатно уникатна девојка со екстравагантен и несекојдневен стил.
Од своите почетоци, Палома Фејт се истакна од толпата како една од најдобрите британски пејачки со сосема поинаков и впечатлив глас, но уште повеќе со нејзиниот единствен и секогаш беспрекорен стил што го немаше никој дотогаш (не сметајќи ја Вивиен Вествуд).
Нејзиниот деби албум „Do You Want the Truth or Something Beautiful“, се најде на 9 – тото место на британската топ листа на албуми, а како најпознати од истиот се издвоија одличните „Stone Cold Sober“ и „New York“. По толку години кариера, нејзината упорност и неверојатна посветеност на музиката резултираа со првото место на британската топ листа со огромниот хит во соработка со Сигма под насловот „" target="_blank">Changing“.
Покрај нејзиниот неверојатен музички талент во кој се уверивме многупати досега, она во што таа е вистински професиналец е креативниот и секогаш уникатен стил што го негува години наназад.
Нејзиниот стил е апсолутно фасцинантен, секогаш исполнет со носталгична нота по магичните 50 – ти. Таа е една од омилените музи на голем број дизајнери, меѓу кои и Долче и Габана во чии креации таа ужива да настапува.
Парчињата облека што таа ги комбинира од почетоците на нејзината кариера секогаш имаат уникатна и фасцинантна приказна зад себе, а она што особено освојува се модните додатоци без кои таа едноставно не излегува од дома.
Речиси од самите почетоци на нејзината кариера, таа обожува да носи марами на главата комбинирани со фамозни фризури и огромни обетки што речиси никогаш не остануваат незабележани.
Она што дополнително фасцинира е тоа што таа е вистинска вљубеничка во боите, па обожава истовремено да комбинира значителна палета на бои што се чини само нејзе и прилегаат. Особено впечатлив момент кога говориме за нејзиниот изглед е бојата на косата со која таа многу често сака да си игра, но секогаш на крајот ја одбира мистичната портокалова која и прилега како на ниту една друга девојка.
Дали нејзиниот фанстастичен акцент е она што освојува, несекојдневниот глас или пак уникатниот и помалку ексцентричен стил, ние дефинитивно знаеме дека сме освоени!