Откако пред неколку недели нејзиното момче Расел Вилсон ја побара за жена, се чини Сиара блеска повеќе од кога и да е.

Сексапилната 30 годишна пејачка е нашиот избор за најстилска девојка овие денови, со оглед на беспрекорните комбинации во кои сѐ почесто можеме да ја видиме.

Откако пред само една година го роди нејзиниот син, таа за многу кратко време ја врати совршената фигура по која беше позната претходно, а истовремено се врати и на музичката сцена.

Таа дефинитивно е една од девојките со кои дизајнерите обожаваат да соработуваат благодарение на нејзиниот супер карактер, позитивна енергија и секако неверојатен изглед.

Најголем впечаток во модниот свет се чини остави со нејзината фантастична фотосесија за W Magazine, каде можевме да ја видиме во совршени креации и преслатко трудничко стомаче.

Веќе неколку години наназад таа е музата на Рикардо Тиши во чии креации и можеме најчесто да ја видиме.

Дека дизајнерите ја обожаваат докажува и фактот дека пред речиси една година таа беше прогласена за заштитно лице на модната куќа Роберто Кавали за кои направи одлична фотосесија во која изгледаше подобро од кога и да е.

Фотографиите за кампањата есен-зима 15/16 ја прикажуваат заводливата енергија на жената, подготвена да создаде свое кралство надвор од границите на сонот.

Во исчекување на нејзиниот венчален фустан, во прилог погледнете некои од најдобрите стајлинзи на R & B дивата.

Објавено:
24 март 2016
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.556 пати