Ултимативен тренд за оваа сезона што во своите последни летни колекции на специфичен начин го интерпретираа најголем дел од светските дизајнери, е нагласена половина со ремен.
Најмоќниот моден детаљ годинава се трансформираше во неколку различни варијанти, меѓутоа највпечатливи се оние инспирирани од источната култура.
Широк ремен ја нагласува женската половина во комбинација со уште еден доминантен тренд, егзотичното јапонско кимоно. Најавтентична верзија во своите колекции имаа JW Andreson и Мезон Марџела. Од друга страна пак, Марни го модифицираше црниот-карате појас, додека Сен Лоран пак понуди своја диско верзија во стилот на 70-те.
Со фотографиите во продолжение ве инспирираме и ви даваме идеја плус, како овој моден тренд да го вклопите во вашиот стил.