Мицеларна вода магично чисти чевли од велур

14 јули 2018

Мицеларната вода е одличен производ за отстранување шминка, но и за отстранување дамки од чевли. Верувале или не, со оваа вода можете да ги исчистие и чевлите од велур или во народот познати како „чевли од превртена кожа“.

Сигурно ви се случило со такви чевли да одите по дожд, или да имате траги од прав, гребаници и слично, па без разлика на тоа колку сте биле внимателни, се соочувате со нешто што сметате дека е невозможно да се исчисти.

Но, мицеларната вода знае да биде спас токму во такви ситуации.

Што треба да направите? Земете памучна крпа и натопете ја со мицеларната вода, па со лесни движења преминете преку чевлите од велур. Разликата ќе ја воочите веднаш.

Инаку, мицеларната вода можете да ја користите и за перење на четкички за шминка, за отстранување дамки на облека или за корекција при шминкање. Натопете едно стапче за уши во водата и избришете го саканото место. 

Прилично едноставно и достапно!

Објавено:
14 јули 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.762 пати