Модни трикови што ги знае секој моден инсајдер

17 мај 2014

Факт е дека најголемите,  односно трендовите што масовно се шират  произлегуваат од уличната мода. Токму од таму  можете да научите по некој моден трик, и секако да го примените во вашиот стил и да го збогатите со нов момент што можеби досега не сте го пробале. Модните трикови во продолжение се ефектни и интересни, погледнете кој најмногу одговара на вашиот вкус и стил и обидете се да ги примените како за дневна така и за вечерна варијанта.

Елек врз кимоно маичка или кошула

Сосема поразличен визуелитет на изгледот ќе добиете ако го комбинирате елекот со маичка или кошула со кимоно ракави. Кога рацете  ви се  откриени добивате уникетен бохо ефект  од 70-тите.

Долг ремен

Извесен период се повеќе се достапни во продажба ремените со максимална должина. Немојте да го потсекувате, вовлекувате и превиткувате околу половината, туку оставете го да виси.

Фустан врз цел аутфит

Сигурно имате неколку летни фустанчиња во мини и миди должина, кои не морате да ги носите само независно. Бидете доволно храбри и облечете ги врз комбинација од маичка и фармерки, хеланки. Во таков спој одлично изгледаат и транспарентните макси фустани.

Палто на рамена

Токму во периоди кога времето е променливо и сте во дилема дали да носите или не палто, наместо да го ставате на чантата или да го држите во рака,ставете го на вашите рамена.

Мешајте неколку бели  и бежови нијанси

Ако мислевте дека ќе погрешите доколку  измешате неколку нијанси на бела боја,  се лажете. Не двоумете се да комбинирате чисто бела, бледа бежова и останати слични нијанси. Бидете сигурни во сензуалноста и моќта на ваквиот избор.

como-usar-01

Краток топ врз кошула

Овој моден трик е идеален за сите девојки што не сакаат да покажат гола кожа во пределот кај стомакот,а  им се допаѓаат кратките топови.  Во таков спој изгледаат одлично, стилски шик и префинето.

Објавено:
17 мај 2014
Категорија: 
Направи сам