Иако можеби не очекувавте дека во овој текст ќе говориме за трските како ултимативен декор во домот, но тие дефинитивно се едни од најпопуларните украси во последно време.

Доколку следите некои од популарните страни за уредување на домот на социјалните мрежи, сигурно ќе забележите дека дизајнерите сместуваат трски во секој агол од домот и истите изгледаат воодушевувачки.

Токму тоа што можете да ја сместите во било кој агол од домот е предноста на овој украс што за кратко време стана ултра популарен.

Со неа можете да ја стилизирате  и украсите масата за некој свечен ручек, да ја ставите во ваза, да го оплемените просторот во вашиот ходник, па дури и да ја употребите за дополнително да ја разубавите бањата.

Без разлика каде и да ја ставите, бидете сигурни дека ќе биде супер впечатлива и секој кој ќе влезе во вашиот дом ќе ја забележи, а вие ќе уживате во единствената убавина што ја нуди ова навидум едноставно, но раскошно растение.

Инфо и фото: Buro 24/7

 

Објавено:
21 јануари 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.147 пати