Супер идеи како на уникатен начин да ги спакувате празничните подароци

27 ноември 2020

Многу едноставно, а супер симпатично!

Сѐ што ви е потребно e хартиена кеса за пакување или хартиена кутија.

Одберете ја соодветната димензија и рачно исцртајте ја со празнични мотиви или пак со порака што лично ќе ѝ ја посветите на личноста за која е наменет подарокот.

Така добивате персонализирано пакување кое не бара ниту многу време ниту голем буџет, а гестот има непроценлива вредност.

Притоа може да користите различен тип на бои соодветни за хартија и картон, а украсувањето може да го збогатите и со дополнителни декорации како на пример украсни ленти, гранчиња или пак новогодишни картички.

За почеток, ве мотивираме со неколку фантастични идеи.

Фото: Пинтерест

Објавено:
27 ноември 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
8.043 пати