СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Четврток во цветен фустан и мантил
•
3 ноември 2022
Добро утро!
Цветните фустани ќе бидат во тренд дури и оваа есен, и за таа цел денес се одлучуваме за еден таков со кој ќе ја вратиме летната носталгија. Во комбинација со тенок мантил, ќе добиеме одлична есенска комбинација, особено за оние денови кога е потопло од вообичаено.
Ќе го заокружиме го изгледот со кожна чанта во виолетова боја, која заедно со цветниот дезен на фустанот ќе внесат свежина во нашата гардероба.
Имајте убав ден.