СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Среда во одело и дводелен комплет
•
2 ноември 2022
Добро утро!
За денес одбираме стајлинг кој претставува вистински одраз на деловна елеганција и женственост. Дводелен комплет од макси здолниште и кропиран топ со цветен дезен на бела основа ќе изгледа одлично во комбинација со класично одело во беж нијанса.
Овој изглед можете да го финиширате со мала црна кожна чанта, очила за сонце и кожни високи чизми во портокалова боја.
Имајте убава среда.