Откако беше најавена соработката помеѓу модната куќа „Ердем“ и H&M, сите со нетрпение очекуваа да го видат конечниот резултат. Пред 10-тина дена колекцијата беше презентирана во Лос Анџелес.
На настанот присуствуваа голем број гости, но фокусот овој пат ќе оди кај Кејт Босворт, бидејќи таа е една од дамите во денешниот стилски двобој. Актерката се појави во еден од најпопуларните модели од колекцијата, долг цветен фустан со карнер во долниот дел и панделка во горниот.
Истата креација, поточно комбинација (ако ги земеме предвид и обувките) ја носеше и хрватската пејачка Јелена Розга на презентацијата на колекцијата во Загреб, која се случи вчера.
Со оглед на тоа дека двете со блондинки, имаат светол тен и слични црти на лицето, многумина би помислиле дека се сестри.
Единствената разлика помеѓу нив во овој стилски двобој е изборот на фризура и накит. Кај Розга е пуштена и брановидна, а накитот е впечатлив. За разлика од неа, Босвор има собрана коса и дискретен накит.
На која подобро ѝ стои?