Реакциите после Мет Галата не стивнуваат. Познато е дека Ким Кардашијан на големата манифестација носеше креација на „Версаче“, а на модната куќа ѝ остана доследна и на забавата после Галата.

Таа се појави во легендарното „Версаче“ фустанче со ремени во горниот дел. Со оглед на тоа дека се работи за креација која досега многупати била носена и од различни личности, започнаа и споредбите.

Обожавателите на Бијонсе ја обвинија дека го „украла“ изгледот. Но и пред Бијонсе истиот фустан го носеше Наоми Кембел, една од музите на Версаче, а и самата Донатела и тоа уште во 1993 година. Фотографијата е направена во Њујорк, а Донатела е во друштво на Џани.

Изборот на Ким овој пат, во договор со дизајнерката е само уште едно навраќање на модната моќ на Џани и брендот. Инаку, на ревијата фустанот го носи Хелена Кристенсен.

Во продолжение погледнете ги сите дами во оваа легендарна креација.

На која најдобро ѝ стои?

Објавено:
10 мај 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.013 пати