Супермоделите и нивните омилени модни дизајнери

1 јули 2014

Иако и денеска постојат голем број успешни модели, сепак никој од нив не може да ја достигне нивната слава, ниту пак да ја изгради блескавата репутација. И покрај тоа што се поминати многу години и ден денес голем дел од модните дизајнери се блиски со своите музи.

Клаудија Шифер и Карл Лагерфелд, 1992 година

Германскиот модел Клаудија Шифер за прв пат на модна писта се појави на шоуто на Карл Лагерфелд кога тој веќе беше на чело на Шанел. Дизајнерот пред започнување на шоуто само кратко ја советувал на пистата да се однесува сосема нормално како да чекори по некоја улица.

Кејт Мос и Џон Галијано, 1996 година

Откако манекенката кариера ја започна на 15 години со појавување на презентација на колекцијата на Галијано во 1989 година, Кејт Мос стана и приватно блиска пријателка со дизајнерот, кој и понатаму ја ангажираше за кампањи на Диор, а исто така тој го дизајнираше нејзиниот венчален фустан во 2011 година.

Наоми Кемпбел и Џани Версаче, 1997 година

Црномурестиот модел тешко ја поднесе смртта на нејзиниот омилен дизајнер и пријател, Џани Версаче кој беше убиен во 1997 година. Не можејќи да ја преброди неговата загуба, Наоми често конзумирала дрога и алкохол, а воедно на новинарите им признала дека неговата смрт буквално ја потресло до тој степен што изгубила физички и духовен баланс за да продолжи со животот.

Ребека Ромињ и Томи Хилфигер

Модниот дизајнер направи успешен чекор со ангажирањето на Ребека Ромињ бидејќи за неполни две години успеа да стане препознатливо име во модната индустрија. Ребека беше ангажирана за бројни кампањи од кои најпозната е онаа за лансирање на линијата женски парфем „Tommy Girl“

Стефани Сејмур и Азедин Алаја

Стефани започна со манекенската кариера во тинејџерските години и тоа токму за Азедин Алаја. Во едно интервју во 2011 година манекенката изјавила дека секојдневно носи негови креации и дека парчињата на дизајнерот се уметничко дело, женствени а сепак комформни.

Синди Крафорд и Исак Мизрахи, 1995 година

Крафорд беше еден од главните ликови во популарниот документарен филм од 90-тите години „Unzipped“, во кој беше вклучена зимската колекција на Исак Мизрахи претставена на модната недела во Њујорк.

Донатела Версаче и Хелена Кристенсен

Хелена Кристенсен е незаменливата муза на модната куќа Версаче. По доаѓањето на чело на модната куќа Донатела Версаче продолжи да го ангажира данскиот модел за голем број модни кампањи.

Објавено:
1 јули 2014
Категорија: 
Сцена