Денешниот стилски двобој е со две познати актерки Оливија Вајлд и Пријанка Чопра. Фустанот на дизајнерката Кејт Спејд е парче кое и двете го носат, но во различни пригоди.
Оливија Вајлд се одлучи за црвена варијанта на миди фустанот со прав крој. Во горниот дел е со ролка, а половината е истакната со ремен.
Материјалот е комбинација со тантелни апликации, што го прават фустанот уште повпечатлив. Вајлд ја искомбинира оваа креација со бели чизми и златно ланче.
Од друга страна, Пријанка Чопра ја одбра сината верзија на фустанот. Ременот од истиот материјал го смени со метален, а сандали со ремчиња се нејзиниот избор кога се обувките во прашање.
Изгледот е заокружен со дискретни сребрени ланчиња и очила за сонце со сини стакла.
Чија комбинација повеќе ви се допаѓа?