Младиот Давор Панчевски кој неколку години готви вкусни приказни под името Dave’s Kitchen ги израдува неговите обожаватели со прекрасна нова книга со наслов „Најдоброто од македонската кујна“.
Во истата, 25 - годишниот готвач смести вкупно 125 едноставни и вкусни рецепти препознатливи за македонската кујна.
Во неговиот предговор ќе каже дека оваа книга е негов личен проект на кој работел со големо задоволство, а сè што ќе погледнете внатре вклучувајќи ги рецептите, готвењето и фотографиите се негови.
Книгата е во издание на Арс Ламина, а во нивната книжарница Литература.мк денеска се одржа и мини закуска на која авторот ја престави книгата пред медиумите.
Тој ќе каже дека најмногу научил да готви од неговите мајка и баба, кои секогаш му се најголема инспирација.
Книгата е одличен водич за сите оние кои сакаат да готват, а особено се вљубени во македонската традиционална кујна. Во неа ќе најдете супер идеи за појадок, за главни јадења, разни прилози и вкусни зимници и секако, омилените десерти во кои секогаш уживаме.
За сите обожаватели на Dave’s Kitchen и неговите супер вкусни рецепети, официјалната промоција на неговата нова книга ќе се случи вечерва на истото место во 19 часот.