Три предлози за брз, вкусен и здрав појадок

28 мај 2024

Велат појадокот е најважниот оброк, па затоа треба да внимаваме како го започнуваме денот.

Потребен ни е здрав, балансиран, вкусен оброк за којшто не е потребно многу време за подготовка.

Денес имаме три одлични предлози за вас.

Омлет мафини

Изматете ги јајцата во длабок сад и додадете млеко, сол, црн пипер, а по желба дополнете со пиперки или шери домати.

Ставете ја смесата во сад со калапи и печете 20-25 минути во загреана рерна.

Авокадо тост

Земете авокадо и добро испасирајте го. Додадете јогурт, измешајте, а потоа смесата намачкајте ја врз интегрални лепчиња. Испечете јајца во тавче и штом ќе бидат готови ставете ги врз лебот.

Карамелизирана банана

Загрејте го тавчето на оган со средна јачина. Ставете малку кокосово масло и една лажица мед. Додадете исечена банана и малку цимет. Кога бананата ќе добие златна-карамел боја ставете ја на парчиња интегрален леб.

Фото: Pinterest

Објавено:
28 мај 2024
Категорија: 
Вкусно