Поинаквата перспектива од која ви ја пренесуваме атмосферата на 10-то издание на Скопскиот моден викенд, продолжува онаму каде и застанавме. Третата вечер беше поразлична од повеќе аспекти за разлика од минатите две. Се позициониравме на третата закажана локација, програмата вклучуваше повеќе презентации за разлика од претходните, останавме подолго, имавме време за размена на мислење, видовме колекциии на дизајнери дебитанти, но и на оние што веќе ни се добро познати имиња. Следствено на тоа и очекувањата беа поголеми. Подготвени за вложување повеќе енергија се со цел објективно, исцрпно и сликовито да пренесеме како помина третиот ден на FWSK од неколку аспекти, покрај кои и бележникот од друг агол, вчеравечер флуидно ги исполнивме задачите. Третиот ден од програмата, не донесе на добро проверената локација од салонот на Ауди-Порше. Иако далеку од централното градско подрачје, за разлика од локацијата претходната вечер , се покажа како добра адаптибилна- комфорна средина, како за публиката, така и за медиумите што беа присутни на веќе познатиот терен. Резимирајќи ја компарацијата со останите избрани локации, може да се констатира дека публиката на модниот викенд посојано расте, за што особено се увериме претходаната ноќ, кога покрај целосно исполнетите места за седење имаше и публика што стои. Факт е дека единствениот моден настан стана задолжителен за посета на нови вљубеници во домашната мода, но и постојани посетители што не пропуштаат ниту една ревија. Токму тоа треба да биде причината за пронаоѓање на што посовремен простор, кој ќе биде препознатливо модно обележје од каде очекувањата и потребите на сите ќе бидат задоволени. Надоврзано на гореспоменатото го читате продолжението од белешките на Fashionel.mk за третата вечер од FWSK.
-Водечката тематика на организаторите на модниот викенд за оваа издание е сензуалната геометрија и 60-те години. Иако сосема различни по сензибилитет, речиси сите од прикажаните колекции вчеравечер се надополнуваа на поставената ретро приказна. Во неколкуте колекции можеше да се забележи директнотиот печат од тоа време, кој врз инспирацијата од креациите се најде на многу парчиња успешно имплеметнирани со тековните тенденции и носливоста.
-Покрај искусните дизајнерски имиња кои во континуитет се претставуваат на единстената модна платформа за промоција, ги погледнавме и дизајнерските решенија на младите имиња кои за прв пат се претставија пред публиката и медиумите. Точно можеше да раздели препознатливиот идентитет и оној што допрва се пронаоѓа и гради. Искуство се создава и собира токму со вaквата директна интеракција, но кога таа е толку многу јавна, можеби треба посериозно да се разбере и изведе.
-За време на паузите од комфорната зона за новинарите, која е обезбедена од пред неколку сезони во конкретниот салон, можевме да се опуштиме во пријатна атмосфера, без многу гужви и турканици. Сепак, да се проследи случување кое трае неколку часа на едно место, ваквиот простор и тоа како е потребен за медиумите. Освен тоа, паузите за следните презентации беа надополнети со музиката на задолжениот диџеј, но можевме да ја разгледаме и поставената изложба на модни-фотографии од странски автори.
-Ова издание дефинитивно можеме да погледнме и повеќе машки креации. Првиот ден ги видовме оние на Јован Петровски и Јована Филиповиќ, за и третата вечер да ги погледнеме идеите за машка облека на диајнерката Ирина Тошева, која и за најновата колекција вклучи машки модели и остана доследна на својот сензибилитет.
-Машката публика пак ' од сезона во сезона се повеќе го зголемува бројот меѓу женските посетители. Вечравечер имавме прилика да забележиме повеќе припадници на посилниот пол, кои покажаа интерес за македонската мода. Не случајно, изборот на најдобрите стајлинзи го направивме токму од машки изгледи.
-Манкенката Рене која од пред една сезона почна да се појавува на ревиите како модел што допрва гради искуство на македонските писти и оваа сезона за есен-зима донесе оригинална енергија од секое појавување. Во сите презентации, носејќи по неколку парчиња од една ревија, Рене секојпат па писта умееше да изнесе посебнен шарм што го бара сцената и правилно да ја износи облеката што ја има на себе.
Продолжува...